Утрински Весник
Свет

(Видео) Осум лица загинаа во стампедо на фестивал во САД

(Видео) Осум лица загинаа во стампедо на фестивал во САД

Најмалку осум лица загинаа, а има и повредени кога дојде до стампедо на фестивалот „Астроворлд” во Хјустон, во американската сојзуна држава Тексас, соопштија локалните власти.

На лице место пристигнаа десетици амбулантни возила, здравствени работници и друг персонал.

Противпожарната служба во Хјустон на „Твитер“ соопшти дека нивните екипи се на лице место откако биле информирани за повеќе повреди на цивили.

На концертот имало повеќе од 50.000 посетители.

Можете да прочитате

Папата Лав XIV во посета на Шпанија

Израелски војници убиле седуммесечно бебе на Западниот Брег

Турски брод нападнат кај Крим, едно лице загина