Утрински Весник
Свет

Над 80 загинати по експлозија на цистерна во Сиера Леоне

Над 80 загинати по експлозија на цистерна во Сиера Леоне

Најмалку 84 лица загинаа откако цистерна со гориво експлодира во предградие на главниот град на Сиера Леоне, Фритаун.

Експлозијата се случи во петокот кога цистерната се судрила со камион.

„Експлозијата која уследи по судирот на цистерната со камионот ги однесе животите на голем број луѓе кои побрзаа да го наполнат горивото што течеше од испуканиот резервоар“, напиша градоначалникот на својот Фејсбук профил.

Мохамед Ламран Бах, директор за комуникации на Националната агенција за управување со катастрофи на Сиера Леоне, за Си-Ен-Ен изјави дека неколку луѓе се во критична состојба по експлозијата.

Властите ги префрлиле повредените во болница.

Можете да прочитате

САД ги нападнаа иранските радари откако соборија беспилотни летала над Хормуз

Резаи: Ако САД продолжат со нападите, Иран ќе ја прошири војната и до Средоземно Море

Путин одби да се сретне со Зеленски