Утрински Весник
Спорт

Формула 1: Торо Росо стана Алфа Таури и ги смени клупски бои

Формула 1: Торо Росо стана Алфа Таури и ги смени клупски бои

Салцбург, 15 февруари 2020 (МИА) – Досегашниот Формула 1 тим Торо Росо во иднина ќе се натпреварува во „летечкиот циркус“ под името Алфа Таури и во нови клупски бои.

Тимот го претстави и новиот болид за 2020 година (модел АТ01) кој е во црна и бела боја. Промоцијата се случи во „Хангар 7“ на Ред Бул во Салцбург.

Алфа Таури е модна куќа што е формирана во 2016 година од австриската компанија за производство на енергетски пијалаци. Тимот со седиште во Фиренца, Италија се викаше Торо Росо, откако Ред Бул го купи Минарди на почетокот на 2006 година.

За Алфа Таури во новата сезона на Формула 1 шампионатот ќе возат Данил Квјат и Пјер Гасли кои останаа во екипата. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија