Утрински Весник
Спорт

ФИФА го забрани руското знаме, химна и име

ФИФА го забрани руското знаме, химна и име

Светската фудбалска федерација (ФИФА) во неделата презеде низа мерки против руската репрезентација, забранувајќи го руското име, знаме и химна и наредувајќи мечеви на неутрален терен поради војната во Украина.

Но, засега, нема наредба за откажување на баражот за пласман на Светското првенство во Катар против Полска кое е закажано за крајот на март. Доколку Русија ќе победи, ќе игра против Чешка или Шведска, но трите федерации веќе посочија дека не планираат да се појават на теренот против Русите.

Ова е последна во низата мерки против рускиот спорт, откако УЕФА им ја одзеде организацијата на финалето на Лигата на шампионите на Санкт Петерсбург, селејќи го мечот во Париз, а Англиската фудбалска асоцијација (ФА) објави дека нема да игра со Русија во ниту еден интернационален натпревар во иднина во солидарност со Украина.

> ФИФА го забрани руското знаме, химна и име <

Можете да прочитате

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија

Истанбул ќе биде домаќин на дербито Турција – Македонија

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот