Утрински Весник
Свет

(Видео) Украинците со нова снимка тврдат дека уништиле ракетен систем, Русија за првпат призна загуби

(Видео) Украинците со нова снимка тврдат дека уништиле ракетен систем, Русија за првпат призна загуби

Украинските власти објавија уште едно видео на кое, како што посочуваат, се гледа уништување на руски ракетен систем БУК од страна на беспилотно летало.

На видеото може да се види како колона руски воени возила е паркирана на пат. Во еден момент доаѓа до голема експлозија.

Според информациите, украинската војска и во овој напад користела дрон од турско производство, од типот „Бајрактар“, a акцијата се случила во областа Малина во регионот на Житомир.

Во меѓувреме, Русија за прв пат призна дека нејзината армија претрпела загуби од почетокот на нападот на Украина.

„Руските војници ја докажуваат својата храброст и херојство во извршувањето на специјална операција. За жал, меѓу нашите соборци има мртви и ранети“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, а пренесе руската агенција ТАСС.

Конашенков не даде никакви бројки, но нагласи дека загубите се многукратно помали од бројот на, како што рече, истребени националисти од украинска страна.

Украина објави дека досега се убиени приближно 4.300 руски војници, но тие бројки не можат да се потврдат од независни извори.

Можете да прочитате

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација