Утрински Весник
Македонија

Фити: Реформите не смеат да се одложуваат

Фити: Реформите не смеат да се одложуваат
Img 5587

Реформата на основното образование треба да почне со радикално преиспитување на наставните содржини по одделни предмети и од нив треба да се исфрли се што е несуштинско и да се фокусираат на битните, трајните работи, рече академик Таки Фити по денешната дебата на членовите на Одделението за општествени науки на МАНУ и на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ со претставници на МОН, Бирото за развој на образованието и на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование.

„ Не можеме да ги отфрлиме фактите. Учениците мора да знаат факти, бидејќи науката се гради со факти, но тоа не е куп на факти, туку факти коишто се меѓу себе поврзани, причинско-последичните врски, критичко размислување во логична и конзистентна целина. Без тоа не можеме. Поврзување на работите, односно имплементирање на она што во тие национални стандарди, како што ги вика стратегијата, е означено како претприемништво. Но, не претприeмништвото како предмет, претприемништвото како филозофија на размислување и на однесување. Гледање на можности, откривање на можности, искористување на можности. Од најмали нозе тоа треба да се прави“, рече академик Фити.

300x250 (7)

Фити посочи дека сите се согласиле дека реформите во основното образование се императив.

„ Реформите не смеат да се одложуваат затоа што многу лошо стоиме и во поглед на длабочината на знаењата и во поглед на опсегот, значи и во поглед на квантитетот и квалитетот на знаења на нашите основци, споредени со оние на нивните врсници во високоразвиените земји, членки на ОЕЦД, и тука постојат факти, постојат меѓународни мерења коишто тоа апсолутно го потврдуваат и тој јаз има тенденција да се проширува. Затоа со реформи треба веднаш да се почне“, посочи академик Фити.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Зајкова: Гласот ЗА Коалицијата за Европска Македонија е глас за зачување на темелите на државноста и демократските вредности

Во 15 часот и 5 минути во Кумровец одекнаа сирените во чест на Тито

Митрески: Гласот за број 1 е вистинскиот избор на претседателските и на парламентарните избори