Утрински Весник
Спорт

Финска пресилна за Македонија на Ф4 на Сребрената европска лига

Screenshot

Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби со 3:1 (25:22, 20:25, 25:18, 25:16) од Финска во полуфиналето на Сребрената европска лига и по четврти пат не успеа да стигне до златото во натпреварувањето.

По одличниот старт на мечот, Финците успеаја да се вратат и да го освојат првиот сет со 25:22, пред во вториот сет, македонските репрезентативци да направат огромна предност и да израмната со 25:20. Меѓутоа, потоа падна конентрацијата, и Финска успеа да доминира во последните два сета за 3:1 победа.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Капитенот Никола Ѓорѓиев заврши со 32 поени, и сега треба да го предводи тимот во борбата за бронза против поразениот од второто полуфинале, каде што играат домаќинот Унгарија и Романија.

ФОТО: ЦЕВ

> Финска пресилна за Македонија на Ф4 на Сребрената европска лига <

Можете да прочитате

Новиот шампион на Англија е Манчестер Сити

Монтеро ќе го води Јувентус до крајот на сезоната

Бешикташ и Мурињо почнаа преговори