Утрински Весник
Македонија

Филипче: Ја обезбедивме целата потребна терапија за голема бројка пациенти со коронавирус

Филипче: Не може со сигурност да се предвиди со која динамика и како ќе се шири коронавирусот

Скопје, 23 март 2020 (МИА) – Со оглед на тоа што излегоа повеќе студии од веќе аплицирана терапија во светот, ние ја обезбедивме целата потребна терапија за навистина голема бројка пациенти со коронавирус во нашата земја, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека тоа е комбинацијата на терапија која досега во повеќе публикации укажува на тоа дека дава добри резултати во лекувањето на пациентите со коронавирус.

– Процедурата е таква што протоколот за лекување треба да се прифати на стручниот колегиум на Клиниката за инфективни болести, што се направи изутрината и денеска и веќе утре треба да се заврши формално правната постапка со добивање дефинитивна дозвола за употреба на оваа комбинација на терапија од Агенцијата за лекови по што веднаш ќе биде аплицирана на сите пациенти каде тоа е индицирано. Станува збор за терапија за која ќе се прават клинички студии, но многу земји веќе ја ставија во протоколите со оглед на тоа што даде добри резултати во повеќе земји, рече Филипче.

Посочи дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата од кои 15 од Скопје, четири од Дебар, два од Куманово и еден од Охрид, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 до денеска до 12 часот, изнесува 136, од кои еден е излекуван, а  двајца се починати.

Додаде дека на Клиниката за инфективни болести денеска се прават шест контролни тестирања на пациенти кои веќе се хоспитализирани од кои тројца се во потешка состојба, еден е во средно тешка и двајца пациенти се со лесна клиничка слика. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Макрон и честита на Сиљановска-Давкова на македонски јазик

Касами: Од понеделник почеток на преговорите за формирање влада

Костадиновска-Стојчевска: Од Мајските оперски вечери научивме дека културата прави чуда