Утрински Весник
Македонија

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање на пациентите во болница.

„Огромен процент од пациентите се со коморбидитети, тешка форма на некоја друга хронична болест од која биле лекувани долго време. Има и сериозен број на пациенти што многу доцна доаѓаат во болница со многу тешка манифестација на болеста и тоа е тренд што нè следи од почетокот. Над 85 проценти од починатите се пациенти што имаат коморбидитети“, вели Филипче.

Тој вели дека во дневните извештаи за Ковид-19 се објавуваат само случаите од изминатите 24 часа, а единствено можно е само еден или двајца да се префрлат од претходниот ден поради доцнење и технички проблеми.

„Ние останавме доследни на тоа што го почнавме од почетокот, а тоа е објавување на сите пациенти, кои и покрај тоа што имале сериозна хронична болест и можеби таа била директна причина за смртта, сепак биле дополнително заболени и од Ковид-19“, вели Филипче.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

19 годишниот Адис Бела бил мета на вечерашното пукање?!

(Обновено) Едно лица рането во пукањето во Чаир

(ВИДЕО) Врие специјалци во Чаир – има пукање и повредени