Утрински Весник
Македонија

Филипче: Градинките ќе започнат со работа на почетокот на јуни, а отворањето на границите се очекува кон средината на јуни

Филипче: Она што сакаме е линеарен пораст на нови пацинети, стратегијата дава резултати
Ss2

 

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека скринингот во градинките завршува следната недела, најавувајќи дека детските установи ќе започнат со работа кон почетокот на јуни.

– Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни, рече Филипче во интервју на Телевизија 24.

Ss1

На новинарското прашање кога се планира да се отворат границите, министерот нагласи дека тоа се очекува кон средината на јуни.

– Средина на јуни се очекува отворање на границите, тоа е разумен период кога би можеле да се отворат границите, посочи Филипче, апелирајќи дека луѓето можат да одат каде било доколку ги почитуваат мерките. см/скс/

 

 

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Репортери без граници: Северна Македонија на 36. место, најдобро рангирана меѓу државите од регионот

(ВИДЕО) Николоски: Максим, Ванковска, Таравари и Јакимовски се слуги на Ахмети опиени од сопствениот неуспех

Претрес во Битола, приведен дилер