Утрински Весник
Спорт

Фер-плеј потег што ќе се прераскажува: Намерно утна пенал

Фер-плеј потег што ќе се прераскажува: Намерно утна пенал

Фер-плеј потегот на годината доаѓа од Турција, од натпреварот меѓу Газијантеп и Гезтепе кои ремизираа (1:1) во 34. коло од Суперлигата.

Во 99. минута, домашниот тим доби пенал, иако голманот на Гезтепе тврдеше дека не го соборил противничкиот фудбалер.

Сепак, Мухамед Демир одлучи да не шутира кон голот, туку намерно ја упати топката далеку.

На овој меч Адис Јаховиќ беше стрелец за Гезтепе, а Лука Станковски остана на клупата на Газијантеп.

> Фер-плеј потег што ќе се прераскажува: Намерно утна пенал <

Можете да прочитате

Зверев ја освои првата титула на УС опен

Норис ќе стартува од пол-позицијата во Мадрид

Башкими и Вардар ремизираа во натпревар со шест голови