Утрински Весник
Спорт

Ферстапен и Норис бараат Белгиското ГП да остане на календарот

Макс Ферстапен и Лендо Норис се приклучија на Ф1 фановите со барање Белгиското ГП на класичната патека Спа-Франкоршамп да остане на Формула 1 календарот по ваквите најави од шефовите на Формула 1.

dobivaj vesti na viber

Ф1 се враќа на Спа овој викенд, и тоа останува популарна патека кај возачите и кај фановите, посебно бидејќи е една од ретките патеки на кои се вози од првата Ф1 сезона во 1950 година. Меѓутоа, договорот на Спа завршува оваа година и нејасно е дали ќе добијат нов договор, посебно бидејќи на Ф1 календарот има нови трки во Лас Вегас и Катар, како и враќањето на Јужна Африка.

Светскиот шампион Ферстапен, кој вози под холандско знаме, но е роден во Белгија и има белгиско државјанство вели дека тоа ќе биде штета за сите во Ф1.

„Ќе биде навистина срамота да ја загубиме Спа. Ова е мојата најомилена патека на светот, навистина фантастична за Формула 1 трка. Нема подобро чувство“, вели возачот на Ред бул.

Возачот на Мекларен, Британецот Лендо Норис, чија мајка е Белгијк, исто така беше разочаран.

„Ова е историска трка за Ф1. Исто така и Монца и Монако и мислам дека додека постои Формула 1 треба да се вози таму. Знаеме дека се работи за парите, бидејќи ова е бизнис“, изјави Норис.

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0