Утрински Весник
Спорт

 Федерер ја прескокнува сезоната на земја, освен гренд слемот во мај

Федерер го победи Ѓоковиќ и го елиминираше од завршниот турнир во Лондон
Ss2

Базел, 14 февруари 2020 (МИА) – Роџер Федерер го скрои календарот за настапи во 2020 година, а она што е забележливо во него е определбата да ја прескокне сезоната на земја, освен гренд слемот во мај.

Швајцарецот моментно е трет на АТП ранг листата, по Ѓоковиќ и Надал, а пред Доминик Тим, во август ќе наполни 39 години, но реши да не игра на Мастерсите во Мадрид, во Рим и во Монте Карло во функција на што подобри подготовки за настап на Ролан Гарос.

Img 5587

Меѓу двата гренд слема (Австралија опен и Ролан Гарос), Федерер ќе настапи во Дубаи, Индијан Велс, односно Мајами пред да се појави на турнирот во Париз. Отсуството на дел од споменатите турнири, секако, ќе придонесе за пад на ранг листата од причина што Швајцарецот требаше да брани поени во Мадрид и во Рим. сѓд/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Струга ТЛ ја прекина соработката со тренерот Дуро

Рангник се откажа од жешкото столче кај Баерн Минхен

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид