Утрински Весник
Македонија

Фатен е бегалец од затвор баран со потерница, осуден на казна затвор од над 10 години

Од МВР информираат дека денеска (10.08.2022) во 16:45 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје во населба Шуто Оризари во Скопје го лишиле од слобода Н.И. (28) од Скопје, кој бил баран со потерница од КПУ Идризово -Скопје, за доиздржување на затворска казна.

dobivaj vesti na viber

Тој бил осуден по чл.236 од КЗ на РСМ на казна затвор во траење од 10 години и 9 месеци, а за доиздржување имал 5 години и 11 месеци.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Можете да прочитате

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато

МОН со објаснување за проблемите во „Стив Наумов“

Мечка угината во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово