Утрински Весник
Македонија

Фатени двајца малолетници кои извршиле тeшки кражби во Штип

Поставени заштитни огради на тротоарите на штипскиот булевар „Гоце Делчев“

Штип, 4 мај 2020 (МИА)– По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници  од СВР Штип, лишени се од слобода две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години кои на улицата „Вера Циривири“ биле затекнати при вршење на кривично дело „кражба“ од патничко возило „застава“ , сопственост на 65 годишниот М.Б.од Штип, информира портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.

– Исто така, малолетниците се осомничени дека се сторители на кривично дело „тешка кражба“ извршена на 01.05.2020  околу 17.30 часот од куќа на ул.„Иво Лола Рибар“ во Штип, сопственост на 73 годишниот К.М.од Штип, од каде бил одземен златен накит и кривично дело „кражба“, извршена на 1 мај околу 18 часот од куќа на улицата „19-та бригада“, сопственост на Б.Ш.М.од Штип, вели Панајотова.

Од страна на полициски службеници украдените предмети се вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава. вдј/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание