Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го сквернавеше Денот на републиката, Мицкоски кажа НЕ и на Илинден

Ss2

Срамно, ниско и недостоинствено беше однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ за време на најголемиот државен празник 2ри Август – Денот на Републиката, реагираат од владејачкиот СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево намерно доцнеше по агендата, ја напушти манифестацијата пред да се интонира државната химна, а собирот на кои илјадници граѓани масовно и достоинствено го чествуваа празникот, ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребува во дневно партиски цели.

Ss1

Мицкоски како и секоја година избега од најважните локации, си правеше приватна прослава со стотина поддржувачи и оттаму сееше омраза и поделби“, се нагласува во соопштението од страна на оваа партија.

Тоа, како што оценуваат во СДСМ, е само показател дека во ВМРО-ДПМНЕ и кај Мицкоски нема основно чувство за државност, нивното дејствување е исклучиво на штета на интересите на граѓаните и државата.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт