Утрински Весник
Македонија

Утрово студено со минусни температури, а преку ден сончево

Утрово студено со минусни температури, а преку ден сончево
300x250 (7)

Наутро студено, преку денот сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје, наутро студено, преку денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 5 степени.

Ss1

Утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои насекаде ќе се спуштаат под нула и ќе бидат во интервал од -9 до -1 степен.

Од петок ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите повремено ќе преминуваат во снег.

Ss1

Можете да прочитате

Млад скопјанец пронајден починат во својот дом

Ковачевски: Не е точно дека подготвуваме бојкот, повикуваме на масовно гласање за претседател и нов парламент

Малолетник силувал малолетничка од Струмичко