Утрински Весник
Македонија

Утре променливо облачно со пороен дожд и грмежи

Дожд и засилен ветер за време на празничниот викенд

Скопје, 30 мај 2020 (МИА) – Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и појава на грмежи. Како што најавува УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде од 4 до 13, а максималната од 16 до 24 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Според УХМР, до средината на наредната недела ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува постабилно и потопло време. мч/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пожар над селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција

МВР објави видео од марихуаната која беше запленета од меѓународната криминална група

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари