Утрински Весник
Македонија

23 казни за непропуштање пешаци на пешачки премин на територија на Tетово

23 казни за непропуштање пешаци на пешачки премин на територија на Tетово

Полициски службеници на СВР Тетово денеска од 11 до 15 часот, презеле 23 мерки (Тетово 20, Гостивар 3) против возачи кои не пропуштиле пешак на пешачки премин.

Во рамките на овие активности биле откриени и санкционирани и 13 други видови сообраќајни прекршоци, кои биле заокружени со соодветни поднесоци.

СВР Тетово и во наредниот период ќе продолжи со вакви и слични активности и апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

МВР приведе 18 возачи, најголем дел возеле без возачка дозвола

Драма кај Штип: Бегајќи од пламените јазици, возач предизвикал директен судир со друго возило

Голема полициска акција низ Македонија: Приведени 23 лица за дрога