Утрински Весник
Економија

Утврдена највисока трговска маржа за аргуми, ќе важи до крајот на вонредната состојба

Утврдена највисока трговска маржа за аргуми, ќе важи до крајот на вонредната состојба
300x250 (7)

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – На 10 отсто е утврдена највисоката трговска маржа за трговските друштва и трговците поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо со аргуми, а до 15 отсто во трговијата на мало. Највисоката трговска маржа на стоките ќе важи до завршувањето на траењето на вонредната состојба, а влезе на сила од вчера.

-Во „Службен весник на РСМ” бр. 79/20 е објавена измена на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата со аргуми свежи или сушени и тоа: портокали, мандарини, клементини, грејпфрут и лимони, со тарифен број 0805, информира Економско правен консалтинг ФВ.

Ss1

Највисоката трговска маржа за трговските друштва и трговците поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо, како што истакнуваат тие, се утврдува во вкупен износ до 10 отсто, односно до 15 отсто во трговијата на мало и ќе важи до завршувањето на траењето на вонредната состојба.

Оваа одлука влезе во сила на 26 март 2020 година. вј/дма/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Доделување грантови од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање