Утрински Весник
Македонија

Во Крива Паланка ќе се адаптира просторија за брисеви за Ковид-19

Во Крива Паланка ќе се адаптира просторија за брисеви за Ковид-19
Img 5587

Крива Паланка, 27 март 2020 (МИА) – Општина Крива Паланка во соработка со Центар за јавно здравје- Куманово ќе адаптира соодветна просторија за земање брисеви за Ковид-19, бидејќи во општината нема пункт за тестирање.

-Локалната самоуправа ќе им излезе во пресрет на сите граѓани кои уредно преку мој термин ќе закажат термини за тестирање од корона вирус, така што во соработка со Центар за јавно здравје, Куманвоо и Подрачната единица на Хигиено-епидемиолошка служба во Крива Паланка, каде има специјалист епидемиолог, ќе адаптираме просторија во општината и истата ќе биде достапна во претстојниот период за земање брисеви и нивно тестирање во пунктот во Куманово,а граѓаните нема да мора да патуваат, информира градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

300x250 (7)

Инаку, општинскиот кризен штаб од Крива Паланка е во постојана координација со службите и го контролира спроведувањето на воведените мерки за заштита од пандемијата.

-Дезинфекција и мерки за заштита се вршат постојано, а деновиве доделени се и над 3.000 заштитни маски во локалните служби, изработени од повеќе конфекции кои работат на подрачјето на општината. Благодарност за општествената одговорност на компаниите: Ала Конфекции“, Амика Мика, Супер Шуз и Босут за донацијата на заштитни маски и помошта во овие вонредни услови на дејствување и справување со вирусот Ковид-19, додава Мицевски. иб/ир

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани