Утрински Весник
Македонија

Обезбедени прехранбени и средства за дезинфекција за ранливите категории граѓани од Куманово

300x250 (7)

Куманово, 27 март 2020 (МИА)Општествено одговорни компании донираа прехранбени и хигиенски пакети за ранливите категории граѓани од Куманово, објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

-Обезбедени се пакети со прехранбени продукти, средства за лична хигиена и средства за дезинфекција од донатори и општината. Благодарност до “Елида маркет” Куманово [http://www.elida.com.mk која обезбеди 100 пакети на прехрамбени продукти ифирмата ]http://www.elida.com.mk која обезбеди 100 пакети на прехрамбени продукти и фирмата “Бентони” Куманово www.bentonni.com која произведе 2000 литри средство дезинфекција на простории, мебел, кваки и др. за кое општината набави концентрат, информираше Димитриевски

Пакетите ќе бидат дистрибуирани од утре до социјално најзагрозените семејства во градот. Димитриевски апелираше на разбирање до граѓаните и најави дека наредните денови ќе се обезбедат дополнителни количини. Граѓаните ги упати да контакрираат на телефонските броеви 075207126 и 077719494, за асистенција.

-Да дадеме предност на социјално најзагрозените граѓани, повика Димитриевски. ам/вг/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани