Утрински Весник
Македонија

Уставниот суд нема да ја оценува првата одлука на Пендаровски за вонредна состојба

Пендаровски: Велигден да не потсети дека сега ни е потребна верба, храброст и трпение за да го издржиме овој тежок период во справување со вирусот

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на првата одлука на претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба во државата, која беше донесена на 18 март.

Уставните судии денеска оценија дека иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на одлуката е беспредметна затоа што таа веќе не е во сила, а вонредната состојба на која се однсуваше е завршена.

Претседателот Пендаровски на 16 април донесе нова одлука за продолжување на вонредната состојба за уште 30 дена.

И за оваа одлука е поднесена иницијатива за оценка на уставноста и законитоста пред Уставниот суд. са/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Одрон и на патот Скопје – Велес: Сообраќајот кај првиот тунел се одвива по една лента

СДСМ: Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристовска, независната кандидатка за јавен обвинител