Утрински Весник
Македонија

Прегазено 14-годишно девојче во Куманово

Ambulanta.jpg

На 06.04.2026 во 15:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош” во Куманово, товарно возило „фолксваген транспортер” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(34) од Куманово, удрило во 14-годишно девојче од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово.


По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Можете да прочитате

Снег заврна на Попова Шапка

Двајца малолетници тешко повредени по пад од мотоцикл

Тешко повреден работник од Индија кој работел на автопатот Кичево – Охрид