Утрински Весник
Свет

Ирански министер повика со живи синџири да се штити инфраструктурата поради заканите од САД

Iran.webp.webp

Иранскиот заменик-министер за млади и спорт, Алиреза Рахими, го повика населението, вклучително младите, уметниците и спортистите, да формира живи синџири околу електроцентралите низ земјата, како реакција на заканите од САД за напади врз енергетската инфраструктура.

Тој апелираше акцијата да се одржи во 11:30 часот по средноевропско време, истакнувајќи дека целта е да се испрати порака против нападите врз цивилни објекти.


„Ќе се држиме за раце за да покажеме дека нападите врз јавната инфраструктура се воено злосторство“, изјави Рахими во видео-порака пренесена преку медиумите.

Повикот следува по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе извршат напади врз цивилна инфраструктура во Иран, вклучително мостови и електроцентрали доколку не биде отворен Ормускиот теснец.

Можете да прочитате

Иран сè уште не донел одлука за испраќање делегација во Исламабад

Мелони: Швајцарските сметки за лекување на жртвите од пожарот во Кран-Монтана се „навреда како врв на подбивањето“

Такер Карлсон се извини за поддршката на Трамп: „Ќе ме прогонува долго време“