Утрински Весник
Спорт

Усман го „скрши“ Ковингтон и се доближи до страшен УФЦ рекорд

Усман го „скрши“ Ковингтон и се доближи до страшен УФЦ рекорд

Камару Усман го победи утринава Колби Ковингтон во возвратната борба од УФЦ 268 која се одржа во преполната „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.

Усман славеше по 5 рунди со одлука на судиите и го одбрани појасот во велтер категорија.

Ковингтон двапати завршуваше на подот, но сепак ја издржа докрај борбата.

Усман стигна до 15-тата победа во низа и ја продолжи одличната низа на триумфи, па дојде само на чекор до рекордот на Андерсон Силва кој своевремено броеше до 16 победи во низа.

Џастин Гетџи и Мајкл Чендлер според многумина беа кандидати за главна борба на вечерта, но тие отидоа чекор понатаму, имаа најдобар меч годинава.

Чендлер загуби вторпат во низа.

> Усман го „скрши“ Ковингтон и се доближи до страшен УФЦ рекорд <

Можете да прочитате

РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ за несоодветна кратенка за нашата држава

Пораз на македонските ракометари од Грција

Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“ во Општина Илинден