Утрински Весник
Свет

Ирачкиот премиер преживеа атентат со дрон

Ирачкиот премиер преживеа атентат со дрон

Ирачкиот премиер Мустафа ал Казими синоќа се извлекол неповреден во нападот со беспилотно летало наполнето со експлозив врз неговата резиденција во Зелената зона во Багдад.

Два безбедносни извори претходно потврдија дека резиденцијата на премиерот била погодена,  додека приврзаниците на проиранските групи мирно протестираа на влезот во Зелената зона против резултатите од предвремените парламентарни избори на 10 октомври.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Можете да прочитате

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати

Протест на ултраортодоксните Евреи против задолжителната воена служба во Израел

Повеќе од 20 загинати откако Русија изврши голем воздушен напад врз Украина