Утрински Весник
Технологија

Услугите на „Епл“ се достапни во уште 20 земји

Услугите на „Епл“ се достапни во уште 20 земји

Сан Франциско, 21 април 2020 (/) – Пред еден месец излегоа информации дека „Епл“ планира да ги прошири своите услуги и дека за прв пат тие ќе бидат достапни во европски земји како Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Оваа експанзија е веќе факт со официјално соопштение од компанијата што открива дека „Еп Стор“, „Епл Аркејд“, „Епл Мјузик“, „Епл Подкастс“ и „ајКлауд“ веќе се достапни во нови 20 држави, а „Епл Мјузик“ е достапен во уште 52 земји.

Со новите додатоци, „Еп Стор“ сега е достапна во 175 земји и региони.

Можете да ја видите целосната листа на земји во Европа, Африка, Океанија, Блискиот исток и Азија Пацифик и кои нови услуги се достапни на веб-страницата на Apple.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА ВО 2023 ГОДИНА ПОРАСНАЛА ЗА РЕЧИСИ 14 ПРОЦЕНТИ

Jana

Новите очила на „Apple“ најверојатно брзо ќе се распродадат

Jana

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META