Утрински Весник
Економија

Бензините поскапуваат за 3,5, а нафтата за 1,5 денари

Стружани со службени картички полнеле гориво во сопствените автомобили
300x250 (7)

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 3,5 денари по литар, а цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 3,12 проценти.

Ss1

Новата малопродажна цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 52 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 54 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 46,50 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе се продава по 34денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 19,123 денари по килограм.

Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ го посочуваат за околу 0,8 проценти повисокиот крурс на доларот во однос на денарот во изминатите седум дена и зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 0,9 отсто. бк/сп/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Скопје и Рига од денеска поврзани со авио-линија

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром