Утрински Весник
Македонија

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола утврди план за е-настава во услови на криза

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола утврди план за е-настава во услови на криза
Screenshot

Битола, 17 март 2020 (МИА) – Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола подготви посебен план на активности за одржување на е-настава во текот на кризната ситуација со цел да се заштити здравјето на студентите и вработените.

Од УКЛО-Битола информираат дека ректорскиот колегиум одлучил да продолжат сите активности поврзани со наставата по електронски пат.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Според утврдените заклучоци, студентите ќе продолжат со настава преку on-line предавања, во согласност со распоредот за настава, со користење на  платформите  преку uklo.edu.mk  доменот, одржување настава врз принципот далечинско учење и електронска комуникација и други е-мерки кои се однесуваат подеднакво на сите студентите од прв, втор и трет циклус на студии.

УКЛО е во постојана комуникација  со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност како и со партнерските странски универзитети во рамките на Ерзмус + програмата.

Активностите на УКЛО во однос на работењето на  Ректорската управа и Сенатот ќе се одвиваат редовно,  преку  е-седници и постојана електронска комуникација со професорите и студентите, се нагласува во соопштението од Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. мт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија