Утрински Весник
Македонија

Универзитетот во Тетово ги одбележа Денот на учителот и Меѓународниот ден на жената

Универзитетот во Тетово ги одбележа Денот на учителот и Меѓународниот ден на жената

Тетово, 6 март 2020 (МИА) – Педагошкиот факултет при Универзитетот во Тетово денеска организираше свечена манифестација во пресрет на 7 март – Ден на албанските учители и 8 март – Меѓународниот ден на жената. Се одржа панел дискусија на тема „Образование на албански јазик-вчера, денес и утре“.

-Ние како Педагошки факултет ја организираме оваа манифестација трудејќи се да се подигне свеста, професионалноста и компетенциите на самите наставници бидејќи одбележувањето на овој ден значи многу за образованието воопшто, а особено за образованието на Албанците во Република Северна Македонија. Ние ќе настојуваме и понатаму да ги подобруваме условите за едно професионално и институционално однесување на сите чинители во образованието со цел негово унапредување во општеството, изјави  Фадби Османи, декан на Педагошкииот факултет.

За улогата на наставникот во општеството, зборуваше продеканот Рабије Мурати.

-Сите ние сме сведоци на улогата на наставникот во образованието и воспитуавњето на младите, така да ние секогаш треба да внимаваме какви наставници ќе имаме во иднина дали тие наставници ќе имаат професионални вредности за да можат да го издигнат општесвото на едно повисоко нивио. Така ќе им помогнеме не само на младите луѓе туку и на целото општество за да имаме поголем развиток и пообразовано општество во целина, истакна Мурати.

За Меѓународниот ден на жената истиот наместо како ден за подароци да биде револуционерен ден, порача професорката.

-Денот на жената го сфаќаме како ден за подарување цвеќе и подароци, но сметам дека денот на жената треба да биде револуционерен на кој треба да бараме ист третман во општеството, во институциите каде мажите сметаат дека имаат приориртет во издигнување на тие институции, посочи Рабије Мурати.

Датумот 7 март 1887 се одбележува како Ден на учителот затоа што во градот Корча во Албанија било отворено првото училиште на албански јазик воопшто на Балканот.ас/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата

Одреден бројот на студенти кои ќе се запишат на Воената академија во учебната 2024/2025 година

Владата да подготви информација за статусот на Нов фудбалски стадион, а општина Тетово да прекине со работите на теренот додека нема правна разврска на случајот