Утрински Весник
Економија

Извозот во јануари со раст од седум отсто

Индустриските и трговските претпријатија најголеми учесници во стоковната размена
Img 5587

Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Вредноста на извозот на стоки од земјава во јануари годинава во однос на јануари лани забележа раст од седум отсто и изнесува 507.332 илјади американски долари, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според објавените одатоци вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 635.599 илјади САД долари, што е за 2,3 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2020 година, изнесува 128.267 илјади американски долари.

Ss1

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2020 година, изнесува 79,8 отсто.

Најмногу сме извезувале катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во јануари 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, нашата држава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Кина, Србија и Грција.скс/лв/

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром

РКЕ: Минатата година само 2,75 проценти од струјата била обезбедена од увоз