Утрински Весник
Свет

Унгарија ќе и донира на Чешка 40.000 вакцини

Унгарија ќе и донира  на Чешка 40.000 вакцини

Унгарија донесе одлука да донира 40.000 вакцини на Чешка во првата половина на мај, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, додавајќи дека дотогаш Унгарија ќе има доволно вакцини за свои потреби.

„Чешка е во тешка ситуација поради неправилната поделба спроведена од Европската Комисија“, рече Сијарто.

Тој посочи дека благодарение на унгарската влада за навремената набaвка на големи количини вакцини од истокот, неговата земја е во првите редови според бројот на вакцинирани, пренесувaaт унгарските медиуми.

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела