Утрински Весник
Свет

Украинските сили гранатираа руски товарен цивилен брод

Украинските сили гранатираа руски товарен цивилен брод

Украинските сили гранатираа руски товарен цивилен брод, кој пловел од Грција кон Таганрог, во Азовското Море, соопшти денеска Рускиот истражен комитет.

Главниот истражен оддел на Рускиот истражен комитет отвори кривична постапка за обид за убиство по гранатирање на руски брод, се наведува во соопштението, пренесе ТАСС.

„ На 12 март, украинските трупи кои се борат во југоисточна Украина го нападнаа рускиот товарен цивилен брод Сормовски 3064 во Азовското Море со неселективно оружје“.

Бродот пловел од грчкото пристаниште Таганрог и во нападот нема жртви.

Можете да прочитате

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон

Макрон најави засилена воена поддршка за Украина по рускиот напад врз Кривиј Рог

Руски напади во близина на Киев за време на посетата на Вадефул