Утрински Весник
Свет

Воз излета од шините во Конго – загинаа најмалку 60 луѓе

Воз излета од шините во Конго – загинаа најмалку 60 луѓе

Најмалку 60 луѓе загинаа откако товарен воз излета од шините во Демократска Република Конго, изјави денеска локален функционер.

Несреќата се случила синоќа во провинцијата Луалаба, пишува AA.com.

„ Прелиминарните податоци покажуваат дека семејствата пронашле седум тела, а 53 се уште се на местото на несреќата“, изјави за новинарите Жан Серж Луму, претставник на провинцијата.

Голем број повредени, вклучително и дете помладо од две години, чии родители загинаа во несреќата, се префрлени во блиската болница во Лубуда, додаде тој.

Иако товарниот воз не смее да превезува патници, информациите покажуваат дека нелегално ги превезувал. Истрагата за несреќата е во тек, а се уште не е познато зошто дошло до овој инцидент. Според локалните медиуми, седум вагони се откачиле од возот пред несреќата, се лизнале од шините и завршиле во провалија.

Можете да прочитате

Хаос во Барселона: Ограбени и запалени дуќани, над 100 уапсени

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти