Утрински Весник
Свет

Украинските маринци кои го бранат Мариупол преку видео се обратија на јавноста

Украинските маринци кои го бранат Мариупол преку видео се обратија на јавноста

Украинските маринци кои го бранат Мариупол и се обратија на јавноста со видео.

Во проштална порака, припадниците на 36. поморска бригада рекоа дека ќе се борат до крај, но рекоа дека не им била обезбедена муницијата што им била потребна.

– Ние сме 36-та морска бригада што ја држеше и ја држи одбранбената линија во Мариупол. Но, реалноста е дека градот е опколен и не ни е доставена муниција. Цела Украина мора да се сеќава на борбата на овој отпор и борбата за победа на крајот. Украина, Европа, светот, посветени сме на Украина до крај – порачаа маринците.

Не е јасно колку маринци од оваа бригада се се уште се живи.

Можете да прочитате

Нова безбедносна тревога на аеродромот во Прага: Девет авиони проверувани по закани со бомби

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се наместени нашите избори

Тешка автобуска несреќа во Франција