Утрински Весник
Свет

Украинските власти: Пожари во зоната на нуклеарната централа Чернобил

Украинските власти: Пожари во зоната на нуклеарната централа Чернобил

Украинските власти соопштија дека избувнале пожари во зоната на нуклеарната централа Чернобил, која била окупирана од руските сили, пренесуваат медиумите во светот.

„Во зоната на електраните избувнаа големи пожари кои можат да имаат многу сериозни последици“, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук и нагласи дека е невозможно да се локализираат пожарите.

Таа посочи дека со тоа Русија продолжила да се однесува неодговорно во област која може да биде многу опасна за сите Европејци.

Вицепремиерката ја обвини Русија дека ја „милитаризира“ областа околу Чернобил, каде што транспортира старо и лошо одржувано оружје.

„Непрофесионалните постапки на руските војници претставуваат сериозна закана не само за Украина, туку и за стотици милиони Европејци“, рече Верешчук, цитирана од Би-Би-Си.

Можете да прочитате

Ќе падне ли и Нетанјаху? Огромна излезност на изборите во Израел

Швајцарија оди на реферндум за забрана на огнометот

Руски ракети погодија студентски дом и цивилни објекти во Киев: Еден загинат и 15 повредени