Утрински Весник
Македонија

УКЛО-Битола го честуваше Св. Климент Охридски: Влијанието на науката е важна за решавање на актуелните проблеми

УКЛО-Битола го честуваше Св. Климент Охридски: Влијанието на науката е важна за решавање на актуелните проблеми
Img 5587

Универзитетот „Св.Климент Охридски„ од Битола го одбележа државниот и патрон празник Свети Климент Охридски со оддржување на свечена седница на Ректорската управа и Сенатот на Универзитетот, промоцијата на новите доктори на науки и прогласување на најдобрите студенти во академската 2020/21 година.

Ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски придружуван од проректорите на Универзитетот и Претседателот на Сенатот на УКЛО положија свежо цвеже и ми одадоа почит на Св.Климент Охридски во рамки на Ректоратот.

Img 5587

Горди сме на нивниот успех и очекуваме да се вбројат во семејството дипломирани кои се поддржувачи на развојот на УКЛО низ една нова перспектива, како респектабилни алумнисти, дел од близу 38 илјади дипломирани студенти на Универзитетот, особено по формирањето на Алумни клубот на УКЛО, нагласи ректорот Коруновски.

„Размената на идеи помеѓу студентите, помеѓу студентите и нивните професори и помеѓу студентите и стопанствениците за влијанието на науката во решавањето на актуелни проблеми го подигнува степенот на научно-истражувачка работа и кај студентите, нивната свест за глобалните промени и потреби, го унапредува нивниот професионален и личниот развој и помага да да се стекнат со искуство за донесување на соодветни решенија, што во крајна линија е наша примарна задача и цел„ истакна во своето обраќање првиот човек на Битолскиот Универзитет.

Воедно според ректорот Коруновски, празникот е повод да се осврнеме и кон поширокиот контекст, новата улога што ја добива академијата, а во тие рамки и УКЛО. „Сведоци сме на се поголемото и интензивно влијание на универзитетите и важноста на универзитетските мисии. Во оваа смисла, во овие времиња на големи динамични промени, главниот предизвик за сите нас, покрај основниот – образовниот, е и пронаоѓањето на вистинскиот одговор за барањата на општеството во коешто живееме и делуваме, барањата на опкружувањето и пред се, на младите генерации. Во тој дух, одговорот на УКЛО започнува првенствено од личната, индивидуална одговорност на наставно-научните кадри, но и заедничката: покрај науката и научното истражување, постојано да се освојуваат нови знаења и вештини, дотолку повеќе што и Ковид кризата евидентно ни покажа дека придвижувања и раст се возможни меѓу другото и со реосмислување на организацијата на работа„ спомена Коруновски во своето излагање пред Ректорската управа и сенаторите на Универзитетот.

Од студентите, според професор Коруновски се очекува постојано да учиме, да се прилагодуваме на преобразбите со користење на дигиталните и модерни информатички технологии што овозможува знаењето да се проширува и да се реализира севкупниот развоj, за што, како раководство и како Универзитет сме подготвени.

Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“’ – Битола, со оваа манифестација покажа дека е вистинска научна и образовна институција која го цени и почитува трудот на своите студенти и ни дава надеж дека светот повторно ќе се врати на патот на правдата и вистината, каде вистинските вредности ќе бидат темел врз кој ќе почива успехот на секој поединец и општеството во целост, нагласи Бјанка Цилена најдобар студент на Универзитетот „Св.Климент Охридски. Студентите со најдобар просек на дипломирање добиа пофалница и парична награда од Ректоратот на УКЛО.

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани