Утрински Весник
Спорт

УЕФА ги негира информациите за можно скратување на квалификациите за евро-куповите во новата сезона

УЕФА откажа два меча во Лига Европа
Ss2

Нион, 12 мај 2020 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација ги демантираше информациите на британскиот весник „Тајмс“ за евентуално намалување на квалификациските рунди за Лигата на шампионите и Лигата на Европа во сезоната 2020/2021 година.

Вчера „Тајмс“ објави вест дека УЕФА ја испитува можноста за намалување на квалификациските рунди и можноста за нивно целосно откажување. Ситуацијата е под влијание на забраните за натпревари на одделни влади, на пример во Франција и Холандија, фудбалски натпревари не може да се играат порано од септември.

Img 5587

– УЕФА никогаш не размислувала да им ги одземе на победниците од националните шампиони право да се обидат да влезат во групната фаза во Лигата на шампионите благодарение на резултатите од теренот. УЕФА во моментов ја следи состојбата и евентуалното влијание врз формата на квалификациските рунди за клупските турнири следната година. До денес, не се развиени специфични опции за квалификациски формат за европските клупски турнири, се вели во соопштението.

Конечните фази од Лигата на шампионите и Лигата на Европа за сезоната 2019/2020 беа прекинати во март поради пандемијата на коронавирус. зс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

ПО шест посни сезони ПСВ Ајндховен повторно е шампион на Холандија

Анчелоти: Рано е за славење, сакаме финале во ЛШ

Јокиќ по поразот од Минесота: Би сакал да имам клон за да можам малку да одморам