Утрински Весник
Моја Кујна

Печени крофни од рерна

Krofni
Ss2

Има некој што не сака крофни? ?Направив една варијанта која не одзема многу време и е доста по здрава опција од пржењето.
Најпрво растопете го путерот/маргаринот и измешајте го со млекото и водата. Додадете го квасецот и шеќерот и постепено додавајте брашно. Мешајте со лажица дури не добиете густа смеса налик на тесто. Префрлете ја смесата на набрашнета површина и со постепено додавање на брашно оформете меко тесто. Оставете го тестото да се удвои. Расукајте го отприлика 1 cm дебелина и со чаша или модла вадете кругови, а со помала чаша направете дупка(испечете го и тој дел како мини крофни). Редете ги на хартија за печење и оставете ги уште 15-20 минути да нараснат. Премачкајте ги со масло само одозгора и попрскајте ги со вода. Печете ги во загреана рерна на 180 С околу 15 минути. Откако ќе се изладат потопете ги во чоколадо и декорирајте по желба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martina Trajanoska (@martinascooking) on

Ss1

Можете да прочитате

Нутриционистите откриваат зошто луѓето имаат потреба од благо

utrinskilogin

Чоколадни бомбици (4 состојки)

Тортиљи со кашкавал