Утрински Весник
Македонија

Уапсен охриѓанец, предизвикал сообраќајка и насилно се однесувал кон оштетениот и полицијата

Уапсен охриѓанец, предизвикал сообраќајка и насилно се однесувал кон оштетениот и полицијата

31-годишен охриѓанец е уапсен откако прво предизвикал сообраќајна незгода а потоа насилно се однесувал кон оштетеното лице а бил агресивен и кон полициските службеници.

Според МВР, вчера во 20.30 часот во СВР Охрид бил приведен и лишен од слобода Б.Н.(31) од Охрид.

Тој, претходно, на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид со патнички автомобил „пежо“ со струшки регистарски ознаки удрил во паркиран автомобил „шевролет каптива“, сопственост на Д.Т.(47) од Охрид, потоа физички го нападнал и со остар предмет упатил закани.

Б.Н. бил агресивен и кон полициските службеници и се обидел физички да ги нападне.

По целосно расчистување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Филипче: Повикувам на мобилизација, да со спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри

Едногласно отфрлена иницијативата за изградба на податочен центар во Пехчево

Уапсен маж во Дебар, возел без возачка и направил сообраќајка