Утрински Весник
Спорт

Уапсен газдата на Сампдорија

Уапсен газдата на Сампдорија

Италијанската полиција претпладнево го уапсила сопственикот на Сампдорија, Масимо Фереро. Апсењето нема врска со фудбалот, Фереро заврши во полицијата поради лажниот банкрот на една од неговите фирми. Покрај Фереро, уште петмина се наоѓаат во домашен притвор.

Фереро е познат во Италија по лажните банкроти. Работи про принципот, основа фирма, пота ќе ја презадолжи и потоа ја банкротира. Против него се водат неколку различни процеси.

Сампдорија од вчера е актуелна во италијанските медиуми, поради евентуалниот трансфер на тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ.

> Уапсен газдата на Сампдорија <

Можете да прочитате

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1