Утрински Весник
Македонија

Уапсени петмина тетовци за грабеж на мајка и ќерка – кај двајца пронајдена дрога и оружје

Разбиен наркокартел во Словачка, уапсен еден од главните шверцери на дрога

Петмина тетовци, меѓу кои и 17-годишник, вчера биле уапсени поради разбојништво кое го извршиле на 9 август во стан на ул.„Маршал Тито“ во Тетово над 47-годишната С.Б. и нејзината ќерка.

Вчера, исто така, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во куќата на двајца од приведените, при што била пронајдена марихуана, гасен пиштол, два боеви и три куршуми за гасен пиштол и два метални пендреци.

Сите пет лица се задржани во Полициската станица Тетово и во текот на денот, со соодветен поднесок, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ахмети се повика на Мицкоски и побара избори – Единствениот излез се предвремени парламентарни избори

Американската амбасада во Софија издаде безбедносно предупредување за цела Европа пред празниците

Договор од 4,8 милиони евра за прославата на независноста, во ОЈО ГОКК засега нема предмет