Утрински Весник
Спорт

Тухел: Ако нема изненадувања, Мбапе ќе е подготвен за Аталанта

Тухел: Ако нема изненадувања, Мбапе ќе е подготвен за Аталанта

Тренерот на француски ПСЖ, Томас Тухел денеска одржа прес-конференција пред утрешниот прв четвртфинален дуел против екипата на Аталанта.

„Многу е тешко да се игра против аталанта, таа екипа е голем предизвик, но ние веруваме во премин. Се работи за екипа која игра еден на еден речиси на целиот терен, напаѓаат со 7 играчи на противничкатаполовина. Навистина е тешко да се игра против нив. Даваат многу голови и постојано се опасни. Ќе биде тежок тактички и психолошки меч“ рече Тухел.

Германскиот стратег откри и дек Килијан Мбапе кој имаше повреда на коленото речиси сигурно ќе настапи на утрешниот меч.

„Ако на тренигот се е ок, ќе игра утре. Што се однесува до Икарди, мора да сме трпеливи и да чекаме, но не е невозможно да заигра ако биде потребно. Не ни беше лесно враќањето по паузата, но славевме во две финалиња и сега сакаме да го направиме чекорот кон ново финале“ смета Тухел.

> Тухел: Ако нема изненадувања, Мбапе ќе е подготвен за Аталанта <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами