Утрински Весник
Свет

Во Словачка уапсени деветмина екстремисти, меѓу нив и познат пејач

Во Словачка уапсени деветмина екстремисти, меѓу нив и познат пејач

Словачката криминалистичка академија (НАКА) спроведе рации низ Словачка и уапси девет лица поврзани со екстремни злосторства, а меѓу нив е и познатиот словачки пејач и актер Растислав Р, соопшти денеска полицијата.

Пребарувањата спроведени низ цела Словачка се дел од операцијата наречена „Кловнови“, пренесуваат тамошните медиуми.

Како што се наведува, Растислав Р. одамна е познат како член на десничарските групи Краток процес и Еврејско убиство.

Меѓу уапсените е и Марек В., тапанар и менаџер на популарниот словачки бенд Horkize Slize.

Според локалните медиуми, двете групи се познати како обожаватели на нацистите и Адолф Хитлер.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Началник на Генералштабот на иранската армија: Хормуз е под наша „целосна контрола“

Руски војници масовно се предаваат по акцијата „Вивалди“ на украинската армија

Обилни дождови и поплави во Индија, загинаа најмалку 62 лица