Утрински Весник
Свет

Турција го одложува отворањето на училиштата поради порастот на бројот на заразени

Турција го одложува отворањето на училиштата поради порастот на бројот на заразени

Турција денеска ги објави ревидираните планови за отворање на училиштата, според кои само првачињата се враќаат во училишните клупи и тоа само два дена во неделата.

Смртноста од коронавирус е највисока од средината на мај кога беше воведен карантин во земјата.

Владата соопшти дека нема намера повторно да воведе строга изолација, но ги повика Турците да се придржуваат до мерките за физичко растојание и хигиена и да носат маски што станаа задолжителни.

Министерот за образование Зија Селчук минатиот месец објави дека училиштата, затворени од мај, ќе започнат да се отвораат на 21 септември. Денеска сепак тој рече дека само децата од предучилишна возраст и првачињата ќе се вратат во клупите, а остатокот со оглед на проценката на ситуацијата, во следните три недели.

„Ние сме посветени на контролирано и постепено отворање“, рече министерот во изјавата. Часовите ќе се одржуваат во комбинација, на далечина и со физичко присуство.

Првачињата ќе имаат недела за прилагодување кога ќе отидат во училиште само еден ден, а потоа ќе одат по два. Родителите кои не сакаат да ги испраќаат своите деца на училиште, можат да побараат нивните деца да слушаат часови преку интернет, рече министерот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик