Утрински Весник
Македонија

Турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок ја посети Општина Битола

Турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок ја посети Општина Битола

Битола, 13 март 2020 (МИА) – Турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок оствари прва работна средба со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

За време на престојот во Битола, амбасадорот Секизќок потсети на блискоста на двете држави и континуираната поддршката на Турција во различни сфери.

-Посакувам уште поголема соработка со локалните субјекти, со Универзитетот, училиштата и поголема поддршка за развој на туризмот бидејќи Битола е град во кој често престојуваат турски гости, истакна амбасадорот Мехмет Секизќок.

Градоначалничката Петровска го информираше својот гостин за тековните проекти на локалната самоуправа и проектот за гасификација на Битола и најави можности за економска соработка.

Амбасадорот Секизќок во Битола ја посети Спомен собата на Кемал Ататурк. мт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

УЖАС: Цели девет месеци силувал дете под 15 години во Куманово

Земјотрес попладнево во Македонија, епицентарот на 13 километри од Охрид