Утрински Весник
Свет

Турска опозициска телевизија затворена по 26 дена

Турска опозициска телевизија затворена по 26 дена

Турската приватна телевизија „Олај“, што застапуваше прокурдски опозициски ставови соопшти дека е принудена да затвори, за помалку од еден месец од почетокот на емитувањето на програма.

ТВ Олај, чиј мнозински сопственик беше бизнисменот и поранешен министер Џавит Џаглар, почна да емитува програма на 30 ноември.

Затворањето на телевизијата беше објавено вчера во директен пренос.

Џаглар изјави дека одлучи да го повлече својот капитал поради несогласување со уредувачката политика, додека дел од новинарите тврдат дека Џаглар се повлекол под притисок на власта

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

100.000 британски ветерани добиле писмо од министерството: „Подгответе се за војна“

ОН би можеле да влезат во 2027 година без генерален секретар: Големите сили не можат да се договорат

Најмалку 30 загинати во пожар во близина на Каиро, експлодирале плински боци во камион