Утрински Весник
Македонија

Тројца полицајци се повредени, а пет лица се приведени за време на вчерашниот протест во Скопје

Тројца полициски службеници се повредени, а пет лица се приведени за време на вчерашниот јавен собир на подрачјето на СВР Скопје, кој се одржа во периодот од 19.00 часот пред Владата на Република Северна Македонија, продолжи пред Министерството за надворешни работи и заврши пред Собранието на Република Северна Македонија околу 22.30 часот, информират денеска од МВР.

dobivaj vesti na viber

Оттаму соопштуваат дека „двајца од полициските службеници се здобија со повреди при инцидент во близина на споменикот Скендербег, каде со брза реакција на полицијата беше избегнат поголем инцидент, при што веднаш беше приведен Е.Ј.(40) од Скопје, осомничен за пукање од пиштол. Пиштолот е обезбеден, за случајот е известен Јавен обвинител и по негово документирање против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок“.

Од полицијата информираат дека „уште три лица се лишени од слобода поради фрлање со тврди предмети кон полициски службеници. Еден полициски службеник беше повреден со тврди предмети пред Собранието на РСМ и е задржан на болничко лекување. Уште едно лице е приведено пред угостителски објект на подрачјето на Центар, поради снимање со дрон без дозвола“.

За време на собирот пред Собранието регистриран е и настан во кој учесници во протестот се обидувале да отстранат група на маскирани лица, кои предизвикувале инциденти.

„Во текот на вчерашното деноноќие лишено е од слобода и лицето кое на 05.07.2022 фрли молотов коктел кон зградата на Собранието. Станува збор за Ј.С.(18) од Скопје, кој беше идентификуван од снимката и го призна делото. По документирање на случајот и против него ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.

Можете да прочитате

ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав

Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори 

Во Охрид почина деветмесечно бебе