Утрински Весник
Македонија

Трајанов: ЕУ да ја повлече одлуката за усвојување на преговарачката рамка

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, смета дека македонската Влада треба да ја повлече согласноста за прифаќање на францускиот предлог, во кој, како што вели, на суптилен начин се вградуваат националистичките барања на Бугарија, а со протоколот усогласен помеѓу претставниците на двете влади детаљно се разработува нејзината имплементација.

Трајанов ги повика земјите членки на Европската Унија, особено Хрватска, Словенија, Австрија, Чешка и Словачка, да стават вето, но ставање на дневен ред на преговарачка рамка, во која се вградуваат националистички барања на Бугарија поврзани со идентитет, јазикот, со историски и образовни прашања.

„ЕУ треба да се држи до основните европски вредности и принципи и Копенхашките критериуми. Со оглед на фактот што претставници на Владата на Македонија директно беа вклучени во преговорите со Бугарија, бараме нивно повлекување (оставка) од функциите, особено министрите за надворешни работи и евроинтеграции.

Демократскиот сојуз е против францускиот предлог и ги повикува граѓаните своите ставови да ги искажат преку социјалните мрежи или со мирни протести за да види Европската Унија дека овде има силен граѓански – народен отпор против загрозување на македонскиот национален идентитет“, наведува партијата.

Демократскиот сојуз ќе ја повлече поддршката на Владата доколку се согласи преговарачката рамка да биде усвоена од Советот на Европската Унија.

Можете да прочитате

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Тренчевска: Најемотивна сум кога зборувам со пензионерите, креаторите на државата денес

МОН ги известило училиштата дека основците ќе треба неработните денови да ги одработат во саботи